featured

Зимска разгледница од Крушево (14.01.2019)

Biljana Puleska

Снегот во Крушево носи неисцрпни погледи и пејсажи кои се совршено „зграпчени“ од телефонските камери на нашите поддржувачи и обожаватели.

Во денешната Разгледница објавуваме фотографии од ски центарот, природата околу Крушево, крушевската уникатна архитектура, историски места, погледи од локални кафулиња и хотели, улиците на градот, изгрејсонце и други.

Крушево будно 2018 - прва вечер

Крушево будно

Се одржа првата вечер од музичкиот фестивал Крушево будно на кој настапија ди џеј Тасескии, Хуго и Бокаконга, ДАФ Проџект и Дисконектед. Од 22 часот градскиот парк беше целосно исполнет и забавата траеше до 3 часот наутро.

Вечерва не очекува втората вечер со Тајзи, ди џеј Перо и Грувмен и Андреј Ѓошев со почеток од 21:00 часот.

Крушево будно се одржува по трет пат годинава од страна на Локален младински совет Крушево и општина Крушево.

(ФОТО) Втора вечер Крушево будно

Крушево будно

Се одржа втората вечер од фестивалот Крушево будно и забавата што изведувачите ја понудија го наполна градскиот парк во Крушево по втор пат овој викенд.

На втората вечер настапуваа ди џеј Грувмен и ди џеј Перо, Тајзи и ди џеј Андреј Ѓошев. 

Забавата траеше до раните утрински часови и со тоа заврши третото издание на Крушево будно.

 

Monument Ilinden

Споменик Илинден

Изграден на историското Гумење споменикот Илинден е откриен на 2-ти август 1974 и денес го посетуваат стоитици и илјадници посетители од Македонија и Европа. 

Споменикот е симбол на борбата и непокорот на македонскиот народ, а внатрешноста на објектот симболично ја претставува маката на македонскиот народ за независност. Исто така, околината на споменикот ги симболизира загубените животи на многу борци. 

Лето во Крушево 2018

Krusevo

Како што наближува летото така и Крушево се подготвува за многу настани кои овој период од годината ќе го направат поисполнет од кога било. Кога врз тоа ќе ги додадете и параглајдинг натпреварите, меѓу кои и Европското првенство во змејарство во јули месец, летово рестораните, пицериите, хотелите, кафулињата и приватното сместување ќе имаат полни раце работа.