(ФОТО) Втора вечер Крушево будно

Крушево будно

Се одржа втората вечер од фестивалот Крушево будно и забавата што изведувачите ја понудија го наполна градскиот парк во Крушево по втор пат овој викенд.

На втората вечер настапуваа ди џеј Грувмен и ди џеј Перо, Тајзи и ди џеј Андреј Ѓошев. 

Забавата траеше до раните утрински часови и со тоа заврши третото издание на Крушево будно.

 

Крушево будно 2018 - прва вечер

Крушево будно

Се одржа првата вечер од музичкиот фестивал Крушево будно на кој настапија ди џеј Тасескии, Хуго и Бокаконга, ДАФ Проџект и Дисконектед. Од 22 часот градскиот парк беше целосно исполнет и забавата траеше до 3 часот наутро.

Вечерва не очекува втората вечер со Тајзи, ди џеј Перо и Грувмен и Андреј Ѓошев со почеток од 21:00 часот.

Крушево будно се одржува по трет пат годинава од страна на Локален младински совет Крушево и општина Крушево.

П.С. Гитар фест Крушево

Започнува на
Завршува на
P.S. Guitar Fest

Интернационалниот гитар фест оваа година започнува на 27-ми јули со анстап на Војин Коциќ во домот на култура „Наум Наумовски Борче “ Крушево во 20:00 часот. 

Следниот ден настанот продолжува во градскиот парк со Петар Марков кој ќе одржи свој концерт со почеток во 20:30 часот. 

Фестивалот официјално е започнат од познатиот крушевски гитарист и музичат од Крушево Христо Мула и почнувајќи од годинава неговиот син ја продолжува традицијата. 

Соработници на П.С. гитар фест се: Општина Крушево, НЛБ банка, хотел Монтана Палас и пицерија Скар.

Jane

Апартмани Јане

Апартмани Јане се наоѓа во центарот во Крушево и нуди нови и модерни сместувачки услуги за посетителите. Апартманите се на само стотина метри од ноќните клубови, рестораните, кафулињата, продавници, банки и друго. 

Згора на тоа, овие апартмани нудат ниска цена со високо квалитени услови. Секоја собра има свој тоалет и одговара за семејства со денца, но и за туристи кои аптуваат сами. 

Покрај апарманите туристите можат да користат и такси услуги со повластени цени за оние кои престојуваат тука. 

Контактирајте не на следниот телефонски број. 

Крушево - град на култура, историја и традиција

Започнува на
Завршува на
Krusevo

На отворањето на настанот „Крушево – град на култура, историја и традиција“ (26.07.2018) ќе настапи групата Синтезис на плоштадот „Никола Мартиновски“ во Крушево, со почеток во 20:00 часот.

Истиот ден започнува и Етно саемот во организација на „Цвет“ во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“.

На 27- ми и 28-ми јули ќе се одржи П.С. Гитар фест, а на 29-ти литературни читања со неколку писатели и поети од Крушево.