Џифони патува во Крушево

Започнува на
Завршува на
Giffoni
Џифони патува во Крушево ќе се одржи од 11-ти до 12-ти мај во Домот на култура во Крушево. Се работи за патувачки фестивал кој покрива гледање на филмови и вклучување на младите во дискусија и искажување на нивните мислења за филмовите. Згора на тоа, младите учесници ќе учествуваат и во креативни работилници кои ќе го поттикна критичкото размислување. Подетални информации за настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/328297434363885/
Restoran Shape Krusevo

Ресторан Шапе

Ресторан Шапе

Историја долга повеќе од 35 години, вкусот на македонската традиција, амбиент за боеми, сето тоа на едно место направено со многу љубов од рацете на врвни мајстори.

Нашата кујна ќе ве одушеви, ќе ви понуди незаборавна перспектива на македонската национална кујна. Беспрекорна услуга комбинирана со одличен и широк избор на свежо припремена храна, традиционални и интернационални јадења, предјадења, широк избор на пијалоци и десерти.

Започнете ја вашата авантура со нас.
 

Гитар фестивал Крушево

Започнува на
Завршува на
Guitar

Гитар фестивал Крушево (Guitar Festival Krusevo) е меѓународен фестивал за гитара кој вклучува мастерклас предавања и концерти на меѓународно признати професори и артисти.

Настанот започнува на 24-ти јуни во 18 часот со концерт на професорот Борче Наумоски. Вториот ден, 25-ти јуни, професорот Срџан Тошиќ ќе одржи мастерклас предавање, а професорот Слободан Миливојевиќ ќе има свој концерт.

Третиот ден започнува со мастерклас предавање на професорот Миливојевиќ, потоа концерт на Срѓан Тошиќ и затворање на фестивалот.

Изложба: Споменици на револуцијата

Започнува на
Завршува на
Гевгелија

Во четврток во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата на слободниот уметник и музичар Марко Кројач под наслов „Споменици на револуцијата, а ќе биде затворена наредниот дена во 15 часот.

Кројач е уметник кој повеќе од 15 години ги документира спомениците на Народно ослободителната борба (НОБ) на територијата на бивша Југославија. 

Покрај Крушево свои изложби Кројач има во Штип, Кочани, Прилеп, Битола, Струга. 

Цртан филм: Џиновска Круша

Започнува на
Завршува на
Џиновска круша

„Џиновска круша“ (цртан филм) ќе се емитува во четврток на 3-ти мај во Домот на култура во Крушево со почеток до 15 часот. Наменет е за сите деца до 10 години, а влезот ќе чини симболични 50 денари. 

Џиновска круша

Добредојдовте во Крушево

Krusevo

Добредојдовте на Krusevo.mk. Извор на сите информции кои што би Ви затребале за Крушево. Како да стигнете тука, каде да престојувате, што да јадете, што да посетите и што да правите.

Низ оваа платформа ќе можете да го остварите Вашето патување до Крушево и да се вратите со импресии за повторна посета.

When in Krusevo 2018

Започнува на
Завршува на
Mrdni so prst - When in Krusevo

Оваа година When in Krusevo се одржува по втор пат со почеток на 29 јуни и ќе трае до 1-ви јули. Дел од овој настан се планинарски и велосипедски тури, параглајдинг и она што е ново годинава се кајак и СУП турите на Крушевско езеро. 

Организаторите веќе ја објавија агендата:

Петок

16:00-20:00 Пристигнување и поставување кампови

20:00-02:00 Забава на отворено и отворање на настанот

.

.

Сабота

09-10:00 Start Почеток на турите за планинарење, 10 и 20км

09-10:00 Почеток на турите за планински велосипедизам, 20 и 40км

Deset dena Krusevska Republika

„Десет дена Крушевска Република“ - проект од национален интерес за 2018

Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ е избрана за проект од национален интерес во културата за 2018 година. Со ова, Министерството за култура даваша уште поголемо значење на оваа Манифестација, а за локалната самоуправа претставува поголема одговрност за поефикасно, попрофесионално и поуспешно организирање.