Параглајдинг: Озон опен 2018

Започнува на
Завршува на
Paragliding Krusevo

Интернационалниот параглајдинг натпреват Крушево Озон опен 2018 ќе се одржи од 22-ри јули 2018г. па се до 28-ми на стартот на Мечкин Камен во Крушево.

Ова е настан кој следи и претходи на десетици параглајдинг натпревари кои ќе се одржуваат ова лето во Крушево.

Параглајдинг: Полски куп 2018

Започнува на
Завршува на
Paragliding Summer 2018

Полскиот куп е ед од првите параглајдинг натпревари во јули. Започнува на 2-ри и завршува 5 дена покасно на 7-ми. 

Овој натпревар го наговестува преполниот јули кој досега има 2 потврдени натпревари покрај  полскиот куп.

paragliding 2018

Параглајдинг: Krusevo Adventure Open 2018

Започнува на
Завршува на
Paragliding Krusevo

Натпреварот е организиран од локалниот параглајдинг клуб во Крушево и оваа години се организира по втор пат.

Започнува веднаш по Озно Опен (22.07.-28.07.2018) на 29-ти јули и се затвора на 4-ти август, 2018 година.

paragliding 2018

 

Параглајдинг: Британски шампионат 2018

Започнува на

Овој настан е еден од неколку кои доаѓаат како заклучок и затворање на параглајдинг сезоната. 

Британскиот шампионат ќе трае 5 дена, почнувајќи од 12-ти август, 2018 година.

paragliding 2018

„Крушево и крушевчани низ стари фотографии“

Фејсбук групата „Крушево и крушевчани низ стари фотографии“ во последно време стана многу популарна, а претставува група во која помлади и повозрасни, сегашни и поранешни крушевчани објавуваат фотографии и податоци за истите.

1st of May 1945Прослава на 1-ви мај, 1945г.

Досега се објавени над 2 000 фотографии, а групата се приближува до бројка од 2 000 членови.

#ВикендВоКрушево

Krusevo in Winter

Почнувајќи од викендот (03/04.03.2018г.) локалната самоуправа започна иницијатива на социјалната мрежа „Фејсбук“ за промоција на Крушево во соработка со угостителските објекти преку користење на хаштагот #ВикендВоКрушево.

Еве во што се состоеше објавата со која се промовираше картата за дневно и полудневно скијање со попуст и промоција на секој објект кој што објавува на социјалните мрежи.

Задоцнетиот снег донесе многу туристи во Крушево

Stanikj

Оваа година во Крушево имавме закаснета зима, но според прилозите кои телевизија Сител и Македонската телевизија ги направија локалната самоуправа излезе во пресрет на угостителите и туристите и со свои мерки придонесе кон искористување на снежната покривка од над 50 центиметри.

Во продолжение погледнете го прилогот емитуван на Сител и порталот Инфокомпас.

https://youtu.be/6E2tWnC3FZg

 

(Видео) Прилог на ТВ 21 за Крушево

Телевизиската куќа ТВ 21 направи еднодневна тура на Крушево во која ја претстави зимската идила на градот, богатството што со себе го носи и ги слушна проблемите на граѓаните заедно со ставот на носителите на одлуки.

Емисијата се вика Урбан таг, а прилогот за Крушево е наречен Репортажа за Крушево: Град музеј и зимската идила.

Емисијата погледнете ја на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=fUkkVCsy8_s

Зошто го создадовме krusevo.com

Krusevo

Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.

Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.

Што им треба на младите во Крушево?

IYCKr

Социјалниот живот во Крушево некогаш знаел да биде навистина на ниско ниво. Без кафулиња, вечерни забави, ресторани, спортски игралишта, култура и различен тип на настани кои се исклучиво посветени на слободното време и неформалното образование.