Club Planet

Клуб Планет

Клуб Планет е дел од ноќниот живот на Крушево кој нуди многубројни и различен вид на забави секој викенд. Исто така, Планет е популарен за дневни забави и пиење кафе на сонце во летните денови. 

Оваа е место познато по популарниот македонски пејач Тоше Проески и често го нарекуваат кафиќот на Тоше.

Следете го клуб Планет на Фејсбук:
https://www.facebook.com/clubplanet17/ 

Snow Kitchen & Bar

Snow Kitchen & Bar

Snow Kitchen & Bar е како ново отворен привлекува многу посетители, млади од Крушево и туристи. Како што сугрерира името планот е локалот да биде место за јадење, но засега служи како кафуле и опција за ноќен живот.

Следете го Snow Kitchen & Bar:
https://www.facebook.com/snowkitchenbar/

 

Крушево - домот на параглајдингот

Paragliding

Туристичката кампања за откривање на убавините на нашата земја ги дава посакуваните ефекти. Секое интересно место кое има што да понуди веќе е на мапата и на домашните, а многу повеќе на странските посетители . Така е и во крушево, кое со многубројните содржини, а секако и со природата, ги одушевува туристите...

Крушево веќе пулсира 12 месеци во текот на годината како вистински туристички центар. Градот е преполн со гости. Прекрасната природа, параглајдингот, музеите, историјата се адутите на Крушево.

Rooms

Хотел Монтана Палас 4 ѕвезди

Хотел Монтана Палас ужива во тивка локација опркужен од борови дрвја, поставен на висина со поглед над Крушево. Во непосредна близина се стазите за планинарење и велосипедизам. Хотелот нуди и ресторан и паб. 

Сите соби имаат кабловска телевизија и приватно ВЦ и купатило. Апартманите имаат и просторна дневна просторија. Некои соби се опремени и со џакузи, додека повеќето имаат прекрасен поглед на градот. 

Истражи ја уникатната архитектура на Крушево

Unique Architecture Krusevo

Многу куќи во Крушево дури и денес ја зачувале уникатната архитектура во која преовладува сината боја. Се верува дека доминантната сина боја е наследство на крушевските печалбари во Грција. Исто така, во некои домови преовладува жолтата боја за што се верува дека е наследство напечалбатите во Романија. 

Unique Architecture Krusevo

Пола милион евра за развој на туризмот во Крушево

Krusevo

Општина Крушево е првата општина во Македонија чија апликација беше прифатена од Европска унија и Светска банка, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност. Грантот е во износ од 500 000 евра а проектот е дел од ИПА 2 програмата ЕУ.

Krusevo

Спортот во Крушево е амбасадор на градот

Krusevo

Спортот е еден од адутите на Крушево во процесот на промоција на градот, но и покажување на сестраната успешност на ова место на 1 250 метри надморска висина. Во Крушево функционираат неколку спортски клубови од различни спортови и покрај тешката финансиска состојба на секој од нив тие имаат историја на постоење, учествување на натпревари и нижење на успеси, кои истовремено се успеси на градот.

Нордик опен 2018 - Параглајдинг натпревар ова лето во Крушево

Цело лето Крушево ќе угости десетици интернационални парагладинг и натпревари во змејарство, а последниот потврден натпревар кој ќе се одржи на Мечкин камен е Нордик опен 2018.

Take off Meckin Kamen

Нордик опен започнува на 26-ти август и ќе трае до 1-ви септември 2018 година.