Снежна викенд разгледница од Крушево
Изминатиот продолжен викенд снегот во Крушево донесе многу пејсажи и погледи кои го одземаат здивот. Истовремено, крушевчани и надојдените посетители направија многу фотографии од Крушево и околината и со тоа ги документираа овие прекрасни денови во Крушево.
Во галеријата погоре можете да најдете фотографии од улиците во Крушево, гробното место на Тоше Проески, скијачките терени, детското одморалиште Бегова корија, шумските патеки, манастирот Св. Преображение и панорамски фотографии од повеќе агли на градот.
Дел од оваа зимска разгледница беа: Милена Талеска, Кире Крстески, Оксана Данаилова, Марија Филипова, Наташа Папакоча, Воислав Трајковски, Мато Ѓонда, Петар Богојевски, Наум Прешоски, Бојан Тодороски, Николоска Данче, Тиана Костоска, Ив Јованова и Сотир Габелоски.
Фотографиите се одбрани од тимот на Викенд во Крушево (https://www.facebook.com/WeekendInKrusevo/)
Оваа активност за промоција на Крушево ќе продолжи и понатаму. Викенд во Крушево и krushevo.com ги повикуваат сите да ги споделуваат фотографиите со нас за истите да бидат објавени и да допрат до повеќе луѓе во Македонија.
Адреси за испраќање:
vikendvokrusevo@yahoo.com
vikendvokrusevo@gmail.com
Sotirgabeloski@yahoo.com
- Најави се или регистрирај се за да поставиш коментар