Крушево низ корија

Започнува на
Завршува на
when in

На 17ти и 18 ти август ќе се случи петтиот по ред фестивал на отворено „Крушево низ корија“ кој ќе ги задржи содржините од изминатите години и во своите содржини ќе опфати: кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини и забава,традиционална тура со планински велосипеди, планинарска тура низ Крушевската корија и тандем летови со параглајдер.

На 17-ти во вечерните часови свој ди џеј сет ќе има DJeneral Jankovich на Мечкин Камен.

Риско-брзински автомобилски трки

Започнува на
Завршува на
trki

Оваа година ридско-брзинските трки ќе се одржат на 31-ви август и 1-ви септември со еден тренинг, кој ќе се случи на 31.08.2019, и главните две трки на 01.09.2019 на патот с. Острилци - Мечкин Камен Крушево.

Како и минатата година се очекуваат учесници од Македонија, Бугарија и Србија.

„Десет дена Крушевска Република“ - настан за сите возрасти

Bona Dea

Оваа 2019 година веројатно е исклучок кога се работи за квалитетот на програмата на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ и очекувањата се дека годинава заедно со Светското првенство во параглајдинг ќе дадат особен импулс во привлекувањето на повеќе туристи.

Цртан филм „Кариран нинџа“

Започнува на
Завршува на
kariraniot ninja

Во четврток, на 30.05.2019, во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ Крушево со почеток во 16:00 часот ќе се одржи промоција на цртаниот филм „Карираниот нинџа“.

Влезот за претставата е 50 денари, а цртаниот филм е наменет за најмалата популација.

Карираниот нинџа

Ден на Власите

Започнува на
Завршува на
Den na vlasi 2018

Општина Крушево во соработка со ООУ „Никола Карев“ Крушево организираат манифестација за одбележување на Денот на Власите 23 мај.

Настанот ќе се одржи на 22-ри мај во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ со почеток во 12 часот, а ќе содржи музички, ритмички и литературни точки одбележувајќи ги влашките култура, традиција, историја и обичаи.

По завршувањето на манифестацијата ќе следи скромен коктел во Влашката одаја, сместена во зградата на градскиот пазар Крушево.

Изложба на Петар Начески

Започнува на
Завршува на
Petar Naceski

Поранешен професор во СОУ „Наум Наумовски Борче“ и уметник Петар Начески ќе има своја изложба од цртежи и слики од 19-ти до 23-ти јуни во рамки на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo).

Петар Начески работи со техниката Акварел, а главни мотиви за неговите слики се портретите, мртвата природа и пејсажите на Крушево

На ликовната изложба ќе бидат изложени меѓу 20 и 30 слики на авторот, а на отворањето на настанот ќе се обрати и Петар Начески лично кој ќе ги образложи пораките кои ги испраќа преку неговата уметност.

Регионални пензионерски спортски игри

Започнува на
Завршува на
Regional Games

Регионалните пензионерски спортски игри оваа година ќе се одржат во Крушево на 26-ти мај со натпреварувања во многу спортови и учесници од неколку градови од државата.

Почетокот на настанот е закажан за 9:30 часот во хотел Монтана Палас со свечена церемонија за отворање на настанот и од 10 часот ќе започнат натпреварите.

Натпреварите ќе бидат во спортови како фудбал, кошарка, тенис и други кои ќе се одржуваат на „Гумење“ и натпреварување во шах и други спортови кои ќе се одржат во хотелот.

ФИС Ролер ски куп Тоше Проески

Започнува на
Завршува на
Fis

Овогодинешниот меѓународен натпревар во нордиско скијање ФИС Ролер ски куп Тоше Проески ќе трае 3 дена со 3 трки од 23-ти до 25-ти август, а отворањето ќе се случува во спомен куќата „Тодор Проески“ во петок со почеток во 18 часот.

Традиционално, настанот содржи 2 трки, во сабота и недела, но оваа година настанот ќе започне со трка уште во петок. Учесници покрај од Македонија доаѓаат од Србија, Грција и Босна и Херцеговина.

Крушево будно

Започнува на
Завршува на
Krusevo budno

Четвртото издание на Крушево Будно ќе се случи на 26-ти и 27-ми јули во градскиот парк во Крушево. Минатогодишниот настан привлечен неколку илјади посетители и оваа година се очекува тој број да расте.

Програмата е готова и за тоа преку социјалните мрежи известија од Локалниот младински совет:

Десет дена Крушевска Република

Започнува на
Завршува на
Vlatko Stefanoski

Десет дена Крушевска Република ќе се одржи тадиционално од 1-ви до 10-ти август со многу културни настани како музика, театар, читање и друго кои ќе го одбележат славното минато на Крушево, конкретно периодот на Илинденско востаниe.

Еве што досега е официјално објавено: